ДИК потсетува: Од полноќ започнува изборниот молк пред вториот круг од локалните избори

5

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, на денешната седница упати апел до учесниците во изборите и медиумите да го почитуваат изборниот молк кој започнува вечерва на полноќ, пред одржувањето на вториот круг од локалните избори.

„Изборниот молк започнува вечерва на полноќ и трае во текот на утрешниот ден, кога ќе гласаат болните и изнемоштените во своите домови, лицата во казнено-поправните установи и во старските домови. Апелираме сите граѓани слободно да го остварат своето право на глас — гласањето е лично и тајно, во согласност со насоките и процедурите на ДИК,“ изјави Кондарко.

Тој ги повика сите изборни органи, избирачките одбори и општинските изборни комисии строго да ги почитуваат законските прописи и упатствата во текот на изборниот процес.

Од ДИК појаснуваат дека резултатите од гласањето на болните, немоќните, затворениците и лицата во старските домови нема да се објавуваат утре, туку ќе бидат вклучени во конечните резултати во недела, заедно со останатите гласови.

На 2 ноември, ДИК ќе објавува информации на секои два часа, со податоци за отворањето на гласачките места, текот на гласањето и одѕивот на избирачите.

Makedonski