На Табановце запленети речиси 130 килограми марихуана – приведен српски државјанин

7

Основното јавно обвинителство Куманово отвори истрага против српски државјанин, осомничен дека се обидел нелегално да пренесе 129,7 килограми марихуана преку граничниот премин Табановце.

Според обвинителството, дрогата била спакувана во 14 торби, сокриени во ладилник од камион со словенечки регистарски ознаки, во сопственост на превозна компанија од Словенија.

Царинските службеници ја откриле дрогата при извршена детална контрола на возилото.

Јавниот обвинител поднесе предлог за определување притвор за осомничениот, кој ќе се гони за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“, согласно Кривичниот законик.

Makedonski