Украдени три бронзени бисти од градските гробишта во Бутел
Во изминатите неколку месеци од градските гробишта во Бутел биле украдени три бронзени бисти, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од полицијата, вчера во 12:00 часот во СВР Скопје, 79-годишниот Д.В. од Скопје пријавил дека во периодот од мај до 26 октомври 2025 година од гробно место на Бутел биле одземени две бронзени бисти.
Исто така, Б.В. (41) од Скопје пријавил дека во периодот од април до 23 октомври 2025 година од друго гробно место на истите гробишта била украдена една бронзена биста.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите и откривање на сторителите.