Три торнада се образуваа над Црното Море кај турскиот град Зонгулдак

4

Над морето во близина на турскиот црноморски град Зонгулдак се појавија три торнада, јавува весникот „Милиет“.

Необичниот природен феномен бил снимен од луѓето на брегот, а видеата брзо се проширија на социјалните мрежи.

Според турските метеоролози, ваквите „водени торнада“ може да станат сè почести во Црното Море со опаѓањето на температурите. Тие ги предупредија рибарите и сопствениците на мали пловни објекти да бидат особено внимателни.

Прво биле забележани две торнада едно до друго, а кратко потоа се појавило и трето, нешто подалеку од нив.

Makedonski