Поскапува ЕУРОДИЗЕЛОТ за 2 денари по литар

6

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да ја зголеми цената на ЕУРОДИЗЕЛ за 2 денари по литар.

Од утре дизел горивото ќе се продава по цена од 70 денари за литар.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98+ остануваат непроменети и ќе изнесуваат 73,5 денари и 75,5 денари по литар, соодветно.

Нема промена ниту кај екстра лесното масло за домаќинство, кое останува 67,5 денари за литар, како и кај мазутот, чија цена и понатаму е 36,1 денари за килограм.

Makedonski