Реакција на Данела Арсовска: Хаосот во ЈП „Комунална хигиена“ – дело на режимот на Мицковски

6

Како ќе функционира ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во следните пет дена, прашајте го премиерот Христијан Мицковски, кој лично од својот кабинет го режира и наредува овој хаос што самиот го најави како „интересна разврска“ на прес-конференција непосредно пред да се случи.

Го повикуваме премиерот Мицковски, кој има своја претседателка на Управен одбор од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, воедно и осудено лице за две кривични дела во 2006 и 2022 година, да постапи согласно член 24а став 2 од Законот за јавни претпријатија и да го повика Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ да донесе одлука за разрешување на директорот.
Понатаму, согласно став 3 од истиот член, Управниот одбор е должен да именува в.д. директор, со цел да се обезбеди нормално функционирање на претпријатието.

Денес сведочиме на уште еден пример како Мицковски го тероризира градот Скопје преку своето режимско и диктаторско владеење, злоупотребувајќи ги институциите и полицијата за сеење страв и репресија пред избори.

Го прашуваме директно, со конкретни и јавни докази што секојдневно ги изнесуваат граѓаните:

  1. Дали е приведен директорот на Јавното комунално претпријатие Тетово за еко хаваријата што ја предизвика со отпадот во реката Вардар – и зошто не?

  2. Дали е приведен директорот на Јавното комунално претпријатие Гази Баба за еко хаваријата во Јурумлери, каде што отпадот се фрла сред природа со општински камиони – и зошто не?

  3. Дали е приведен директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово за еко хаваријата што секојдневно ја предизвикува низ градот – и зошто не?

Или таму режимскиот диктатор Мицковски не дал наредба да се апси?

Makedonski