Најстудено утро во Берово со -3 степени
Берово утрово беше најстуденото место во Македонија со измерени -3°C, покажуваат податоците од УХМР. Минусни температури беа забележани и во Лазарополе, каде утрово се измери -1°C.
Температура околу нула степени беше регистрирана во Скопје, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица, додека најтопло утрово беше во Охрид со 5°C.
Во изминатите 24 часа, најмногу дожд наврна во Скопје и Попова Шапка – по 3 литри на метар квадратен, а по 2 литри се измерени во Крива Паланка и Претор.
Според прогнозата, денеска времето ќе биде сончево со мала облачност, а максималните дневни температури ќе се движат од 15 до 20 степени.