Од полноќ поскапи горива во Македонија
Од вечерва на полноќ стапуваат во сила новите, повисоки цени на горивата, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според последната одлука:
-
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,5 денари и од утре ќе изнесува 73,5 денари за литар.
-
ЕУРОСУПЕР БС-98+ поскапува исто така за 0,5 денари и ќе се продава по 75,5 денари за литар.
-
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 1 денар, односно новата цена ќе биде 68 денари за литар.
-
За 1 денар се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, кое од утре ќе изнесува 67,5 денари за литар.
Цената на мазутот останува непроменета – 36,1 денар за килограм.