Следува период на стабилно и суво време, утринските температури под нулата
Под влијание на стабилна воздушна маса, Македонија влегува во период на суво и стабилно време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според прогнозата, од утре утринските температури ќе се спуштаат под нулата, а во одделни котлини е можно појава на магла.
Врнежите што ја зафатија земјава ќе престанат до крајот на денот, а облачноста постепено ќе се намалува. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен и југозападен ветер, додека во источните подрачја ќе има слаб ветер од променлив правец.