АМСМ: Влажни коловози и одрон кај Башино Село — сообраќајот се одвива по изменет режим

4

Сообраќајот на државните патишта утринава (27 октомври 2025, 06:56 часот) се одвива непречено, но по влажни коловози, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

На автопатот Скопје – Велес, по патарината Сопот и пред тунелите кај Башино Село, поради одрон на левата коловозна лента, сообраќајот се одвива само по десната лента. На терен се екипи од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Велес, а на истата локација вчера биле регистрирани две сообраќајни незгоди со материјална штета, без повредени лица.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на условите на патот и почитување на сигнализацијата, особено на делниците каде постои ризик од одрони — Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк Галичица останува отворен за возила до 3,5 тони.

Во тек се и градежни работи на повеќе делници, меѓу кои и санација на потпорни ѕидови на обиколницата кај Скопје (пат А2), каде сообраќајот е пренасочен.
На патниот правец Велес–Скопје, меѓу клучките Волково и Кондово, сообраќајот е целосно затворен поради градежни зафати и се одвива двонасочно во должина од околу 300 метри во правецот Скопје–Велес.

Makedonski