Инцидент во Подгорица: воведена вонредна состојба во населбата Забјело по напад и меѓуетнички тензии

9

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ соопшти дека владата ќе иницира интензивни разговори со Република Турција со цел да се најде модел за соработка „во духот на добрите билатерални односи и сојузништвото“.

„За да се зачува економската активност и добрите билатерални односи, во наредниот период ќе иницираме интензивни разговори со Република Турција со цел да се најде најдобриот модел во заеднички интерес,“ напиша Спајиќ на платформата X.

Синоќа, во подгоричката населба Забјело, беше воведена вонредна состојба поради насилен инцидент во кој жител на Подгорица, М. Ј., бил претепан и избоден. Полицијата спроведе рации на повеќе локации во населбата, а голем број жители излегоа на улица извикувајќи навредливи пароли против Турците.

Според репортерот на Телевизија Вијести, тројца турски државјани се забарикадирале во казино, откако група мештани се обиделе физички да се соочат со нив. Полицијата потоа ги извела и привела двајца од нив — еден од нив, според неофицијални информации, е осомничен за учество во синоќешниот напад.

По интервенцијата на полицијата, граѓаните постепено се разотидоа, а истрагата за случајот продолжува. Полицијата сè уште трага по тројцата напаѓачи кои го повредиле М. Ј.

Makedonski