Ограничено снабдување со вода во Тетово поради можна контаминација
ЈКП „Шар“ – Тетово соопшти дека поради обилните врнежи од дожд, постои можност за контаминација на водата за пиење, бидејќи контаминирана вода од неколку извори навлегла во градските резервоари.
Како превентивна мерка, снабдувањето со вода ќе биде ограничено до 21:00 часот, додека не се добијат резултатите од лабораториските анализи за безбедноста на водата.
Од претпријатието информираат дека екипите се на терен и интензивно работат на обезбедување на квалитетна и безбедна вода за граѓаните на Тетово.