Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

23

По кратко и тешко боледување, денеска во Скопје почина познатиот политички аналитичар Агим Јонуз, на 63-годишна возраст.

Јонуз во изминатите денови бил хоспитализиран во приватна болница во Скопје, каде што, и покрај интензивното лекување, не успеал да ја добие најважната битка – онаа за животот.

Тој беше активен учесник во политичкиот и општествениот живот во Македонија, а јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на националните телевизии, каде што отворено и аргументирано ги коментираше актуелните состојби.

Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре на гробиштата во Бутел.

Makedonski