При ископ кај студентскиот дом „Стив Наумов“ пронајдени коски налик на човечки
Работник од Пехчево при извршување градежни работи со багер пронашол коски кои наликуваат на човечки, во близина на старите гробишта во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен на 24 октомври 2025 година, во 11:55 часот, во СВР Скопје од лицето Г.Ј. (39) од Пехчево.
По насоки на јавен обвинител, пронајдените коски се предадени на вештачење за утврдување на нивното потекло.
 
			