Сојузот на борци од Тетово остро против „големоалбанските“ изјави: „Секоја педа земја е македонска!“

133

Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните продолжувачи – Тетово остро реагира на, како што наведуваат, ескалирањето на големоалбанските наративи во пресрет на вториот круг од локалните избори, оценувајќи дека таквите изјави се „ретроградни, опасни и штетни“.

„Иако сме крајно загрижени за состојбата, а поради принципиелност се воздржувавме од коментирање на политички теми во текот на изборниот процес, сметаме дека моменталниот развој на настаните бара итна реакција од сите одговорни општествени чинители“, се вели во соопштението.

Од Сојузот најостро ги осудуваат изјавите на Билал Касами, Хаќим Рамадани, Енвер Пајазити и други, во кои, според нив, се повикува на етничко обединување, одбрана на територии и гласање против Македонците.

„Секоја педа земја е македонска и на неа право има македонската држава, која е дом на сите граѓани!“, стои во реакцијата.

Од организацијата бараат државните институции да реагираат, а државниот врв јавно да ги осуди ваквите изјави.

„Граѓаните ги повикуваме да не гласаат ниту етнички, ниту по партиски насоки, туку слободно – во интерес на јавното добро и иднината“, порачаа од Сојузот на борци.

Makedonski