„Инфомакс“ на мета на кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВЛЕН Хаќим Рамадани
Кандидатот на коалицијата Влен, Хаќим Рамадани, кој се бори за градоначалничката функција во Општина Брвеница, се обрати директно до редакцијата на Инфомакс од Хамбург, Германија.
Рамадани потврди дека престојува во Германија, каде заедно со својот противкандидат од ДУИ води кампања меѓу дијаспората, со цел – како што рече – да обезбедат поддршка за пораз на Јовица Илиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на општината.
Во своето обраќање, Рамадани изјави дека, според него, „општините како Кичево, Брвеница, Тетово и сите каде што Албанците се мнозинство, треба да ги води Албанец“. Тој додаде дека „секој треба да знае кој е газда на својата земја“, осврнувајќи се и на темата околу референдумот за „Илирида“.
Од редакцијата на порталот „Инфомакс“ најавија дека со свој став ќе се произнесат во текот на вечерната емисија „Тешки Муабети“.