Вечерва започнува зимското сметање на времето
Со поместување на часовниците за еден час наназад, од 3 часот на 2 часот по полноќ, вечерва – од сабота кон недела – започнува зимското сметање на времето.
Според одлуката на Владата, летното сметање на времето завршува утре, во недела, на 26 октомври 2025 година.
Иако Европската унија уште во 2018 година предложи да се прекине практиката на менување на часовникот, до денес не е постигнат заеднички договор меѓу земјите членки.
Неколку студии на европско ниво покажаа дека поместувањето на часовникот напролет и наесен може да има негативно влијание врз здравјето на луѓето и економијата, но промената засега останува на сила.
 
			