ДУИ демантира: Ахмети не се повлекува од политиката
Дезинформација е дека лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, ќе се повлече од политичката сцена по локалните избори, изјави потпретседателот на партијата Арбер Адеми.
Не е точно дека претседателот Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката.
изјави Адеми за „Слободен печат“, реагирајќи на написот на албанскиот портал „Фол“, кој објави дека Ахмети наводно сериозно размислувал за повлекување по изборите.
Според тврдењата на „Фол“, кои партијата ги оцени како неточни, Ахмети наводно веќе разговарал за својата одлука со дел од блиските соработници, како и со политички партнери од Албанија и Косово.
Медиумот наведе дека конечната одлука требало да биде соопштена по завршувањето на вториот изборен круг, за да не се влијае врз изборниот процес – тврдење што ДУИ целосно го отфрла.