Прекинат сообраќај на клучката Хиподром поради излетано товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Куманово е во прекин на клучката Хиподром (обиколница Скопје) поради излетано товарно моторно возило, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
„На 24 октомври 2025 година, од 09:00 часот, на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром кон Куманово, поради излетано ТМВ на патот, сообраќајот е во прекин“, стои во соопштението на АМСМ.
Од таму апелираат возачите да бидат внимателни и да ги следат насоките на сообраќајната полиција.