ВЛЕН со поддршка за Максим Димитриевски во вториот круг во Куманово

6

Кандидатот за градоначалник на Куманово од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска соопшти дека остварил средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези, и пратеникот Даниел Стојчевски.

Димитриевски информира дека од претставниците на коалицијата ВЛЕН добил, како што наведе, „искрена и силна поддршка“ за вториот изборен круг во Куманово.

„Оваа поддршка ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град и ни дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во реализација на проекти во интерес на сите граѓани“, напиша Димитриевски на својата Фејсбук-страница.

Makedonski