Еколошка акција за позеленување на дворот на Болницата „Козле“

5

Во организација на Сојуз – Национален совет за родова рамноправност, денеска ќе се реализира еколошка акција за уредување и позеленување на дворот на Болницата за белодробни заболувања – Козле.

Како што информираат од организаторот, целта на акцијата е разубавување на просторот околу болницата, но и подигнување на свеста за важноста од заштита на животната средина и заедничката грижа за јавните површини.

Во активноста ќе учествуваат членки и волонтерки на Сојузот, како и претставници од партнерски организации и граѓани кои сакаат да дадат свој придонес за поздрава и позелена заедница.

Makedonski