Топло, но променливо време – температури до 22°C, следуваат ветер и локални врнежи
Температурите во текот на следните денови на повеќе места низ државата ќе се искачуваат до и над 20°C, а на одделни локации може да достигнат и до 22 степени. Во Скопје и околината ќе преовладува топло време над сезонскиот просек, со наизменични сончеви и облачни периоди.
Паралелно со тоа, се очекува периодично нестабилно време, со повремени локални врнежи од дожд во различни делови на земјата. И во Скопската котлина ќе има краткотрајни врнежи и облачност, проследени со повремени сончеви интервали.
Според метеоролошките најави, во петок (24 октомври) ќе се почувствува засилен југозападен ветер, кој локално може да достигне брзина и до 70 километри на час. Ветерот ќе биде најизразен во западните и централните предели, но ќе се почувствува и во главниот град.
Ваквото струење ќе предизвика спарно и мачно време, особено во долините и урбаните средини.
Метеопатите се советуваат на претпазливост, бидејќи топол и влажен воздух во комбинација со силен ветер може да предизвика главоболки, нервоза, вртоглавици и чувство на исцрпеност.
До крајот на неделата ќе продолжи периодот на топло, ветровито и непостојано време, а од почетокот на следната недела се очекува постепено заладување и стабилизирање на атмосферските услови.
 
			