Стан од 280.000 евра – нов рекорд на цените на недвижности во Центар

12

Во третиот квартал од 2025 година е забележана највисока цена по метар квадратен станбен простор во земјава – 189.231 денар, односно околу 3.000 евра за метар квадратен. Рекордот го држи стан во општина Центар, со вкупна површина од 91 метар квадратен, кој е продаден за 280.000 евра.

Според податоците од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности, во периодот јули – септември 2025 година на територијата на државата се евидентирани 845 новоизградени станови (продадени директно од инвеститор). Тоа е раст од 169 станови во однос на вториот квартал годинава.

Во истиот период, вкупно се регистрирани 937 продажби на недвижности од инвеститор, од кои:

  • 845 се продажби на станови,

  • 89 продажби на куќи,

  • и 2 продажби на гаражи.

Тренд на раст на новоградби
Во споредба со вториот квартал од 2025 година, кога се регистрирани 754 продажби на новоградби, бројот на продадени нови објекти во третиот квартал е зголемен за 183. Само продажбата на новоизградени станови пораснала од 676 на 845, што претставува раст од 169 станови.

Каде се продава најмногу?
Најмногу продадени станови се евидентирани во:

  • Општина Аеродром – 275 станови,

  • Центар – 236,

  • Чаир – 133,

  • Гази Баба – 121,

  • Кисела Вода – 114,

  • Карпош – 103.

Надвор од Скопје, Битола предничи со 71 продадена куќа, а од другите градови најмногу станови се продадени во Охрид (99), Тетово (84), Струмица (83) и Гостивар (11).

Пазарот со деловен простор
Најмногу продажби на деловен простор се регистрирани во Аеродром и Центар, со по 22 објекти продадени во секоја од овие општини.

Доминира продажбата на станови
Купопродажбата на станови го задржува приматот со 32% од сите трансакции во третиот квартал, што претставува зголемување за еден процентен поен во однос на претходниот квартал.

Makedonski