ВМРО-НП: Со многу работа и без реклами, задоволни сме од постигнатиот успех на локалните избори
Свое писмо за благодарност кон своите гласачи упати и ВМРО-Народна партија која на овие локални избори со свои кандидати, покрај коалицијата со СДСМ настапи и самостојно во општините Илинден, Чешиново-Облешево и Тетово, како и со свој кандидат за градоначалник за Тетово.
На почетокот ВМРО-Народна партија им честита на сите политички партии за покажаниот демократски капацитет при реализацијата на предизборната кампања како и првиот изборен круг кој помина во претежно коректна и фер атмосфера.
ВМРО-Народна партија како активен учесник со свои кандидати покрај коалицијата со СДСМ, настапи и со свои листи во три општини и тоа:
во општина Илинден со освоени 7.50% и еден советнички мандат,
во општина Чешиново-Облешево 6.40% и еден советнички мандат,
како и освоени 4% со градоначалничкиот кандидат во Тетово, Стевица Саркоски.Напоменуваме дека овој резултат покрај секојдневната работа на теренот како и активното учество во политичките процеси изминатите четири години е постигнат без никакви реклами и нула проценти маркетинг.
ВМРО-Народна партија им благодари на сите членови, симпатизери и пријатели за добиените гласови како и искажаната доверба која ни дава нови сили и енергија да продолжиме да ја чуваме, како единствена партија, изворната идеологија на ВМРО, но и да се бориме како достоинствена опозиција и коректор на политиките на Власта.
се вели во соопштението на ВМРО-Народна партија.
 
			