ДИК: Излезност до 11:15 часот — 9,3% од гласачите го оствариле своето право на глас
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната прес-конференција ги соопшти најновите податоци за излезноста на локалните избори 2025.
Според информациите од Комисијата, до 11:15 часот гласале 154.275 граѓани, што претставува излезност од 9,3%. Податоците се добиени од 3139 обработени избирачки места ширум државата.
Од ДИК информираат дека гласањето се одвива мирно и без поголеми проблеми, а сите избирачки места се отворени и функционираат непречено.
 
			