Приведен студент во Скопје – фотографирал колешка додека се туширала
Во Скопје е приведен 22-годишен студент од Богданци, поради сомнение дека нелегално фотографирал колешка додека се туширала во студентски дом на подрачјето на општина Карпош.
Како што соопшти МВР, во СВР Скопје на 16 октомври во 20:10 часот, 22-годишна девојка од Прилеп, со престој во студентски дом, пријавила дека околу 17 часот забележала мобилен телефон над параваните во бањата додека се туширала.
По пријавата, полициските службеници го идентификувале и привеле А.М. (22) од Богданци, кој признал дека ги направил фотографиите. При приведувањето, му биле одземени лаптоп и компјутер за понатамошна истрага.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
 
			