Протест во Тирана во поддршка на поранешните лидери на ОВК

5

Во Тирана денеска се одржа голем протест во поддршка на поранешните лидери на таканаречената Ослободителна војска на Косово (ОВК) — Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, на кои им се суди за воени злосторства пред Специјалниот суд во Хаг.

Собирот на плоштадот Скендербег го организираше здружението на поранешни припадници на ОВК, а на протестот учествуваа Албанци од Косово, Македонија, Европа и САД. Настанот го поддржаа и највисоките функционери на Албанија.

Претседателот на здружението, Хисни Гуцати, изјави дека протестот не бил политички, туку „глас на албанскиот народ“. Поранешниот претседател на Албанија, Алфред Мојсиу, оцени дека обвинетите се во затвор „без докази“, а војната на ОВК била поддржана од НАТО и САД.

Присутен беше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој побара нивно ослободување, наведувајќи дека тоа не е спротивно на меѓународните конвенции.

Учесниците носеа бројни албански знамиња и симболи на ОВК, а дел од нив беа облечени во униформи на организацијата, покажуваат снимките од протестот.

Makedonski