Руски напад врз воен аеродром во Криви Рог – пријавени најмалку 15 експлозии

7

Руските сили извршија напад врз воен аеродром во Криви Рог, при што, според украински извори, се слушнале околу 15 експлозии на аеродромот „Лозовацки“, лоциран на северот од градот.

Како што пренесуваат повеќе медиуми, на аеродромот во моментот на нападот се наоѓале неколку воени авиони, меѓу кои и летала во состав на НАТО.

Украинските власти соопштија дека руската армија продолжува со напади врз позиции на воениот персонал, техничка опрема и инфраструктурата на земјата, вклучувајќи објекти од енергетскиот сектор, одбранбената индустрија, управувањето и комуникациите.

Според информациите, нападот бил извршен со ирански беспилотни летала „Шахед“, кои Русија редовно ги користи за воздушни удари врз украински цели.

Претседателот Володомир Зеленски на својот канал на Телеграм објави дека Русија продолжува со „систематска кампања на терор“ против Украина.

„Ништо не се промени – Русија продолжува да го тероризира животот во Украина. Рој беспилотни летала го погодија Криви Рог, таргетирајќи ја цивилната инфраструктура. Десетици други дронови се појавија и на нашето небо. Забележани се и проектили. Не поминува ниту една ноќ без руски напади. Повеќето цели се инфраструктурни објекти, дел од систематската кампања против нашиот енергетски сектор,“ напиша Зеленски.

Makedonski