Инцидент во Куманово: Нападнати членови од изборниот штаб на СДСМ

15

Во пресрет на завршувањето на изборната кампања, во Куманово е пријавен инцидент во кој, според тврдењата на СДСМ, биле нападнати членови на изборниот штаб на кандидатот за градоначалник Мартин Костовски.

Костовски на денешната изјава за медиумите рече дека нападот го извршил Самек Салиевски, актуелен кандидат за советник од партијата ЗНАМ и член на тимот на Максим Димитриевски. Настанот бил пријавен во полициската станица при СВР Куманово.

„Ја знаеме хистеријата на Максим, знаеме дека е исплашен. Денеска дојдовме во полициската станица за да го пријавиме настанот. Ги повикувам органите на прогонот веднаш да постапат“, изјави Костовски.

Тој повика и на реакција од надлежните институции, меѓу кои Државната изборна комисија и Јавното обвинителство, за – како што рече – „да се стави крај на политичкото насилство“.

„Ова веќе не смее да се случува во едно цивилизирано и демократско општество“, порача Костовски.

Makedonski