Неочекувана средба во Охрид: Кирил Пецаков и Бранко Црвенковски на иста маса

6

Порталот „Инфомакс“ објави фотографија на која, според нивните наводи, се гледаат актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид, Кирил Пецаков, и пратеникот на истата партија, Саше Донев, на вечера во познат охридски ресторан – во друштво со поранешниот премиер и претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски.

Фотографијата веднаш предизвика внимание и реакции на социјалните мрежи, имајќи предвид дека Црвенковски подолг период не е политички активен во јавноста, иако неофицијално се поврзува со формирањето на партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски.

Позадината на оваа средба засега останува нејасна. Не е познато дали станува збор за случајна средба или за разговор со политичка позадина, а ниту еден од присутните сè уште нема дадено изјава за јавноста.

Makedonski