Советничка за медиуми на Александар Вучиќ измислувала вести за да може да подолго да се задржи на патување

11

Советничката за медиуми на претседателот на Србија, Сузана Васиљевиќ, јавно призна дека во минатото измислувала вести. Признанието го даде во гостување на провладината телевизија „Курир“, говорејќи на тема како да се спречи ширењето на дезинформации.

Како што пренесува порталот Nova.rs, Васиљевиќ откри дека во 2000 година, додека работела како новинарка, заедно со колегите „измислиле војна во Црна Гора“. Целта, според нејзините зборови, била да поминат три месеци на Свети Стефан.

„Работев во медиумите во тоа време. Измислувавме приказни… Измисливме војна во Црна Гора, односно можност дека Милошевиќ ќе ја нападне Црна Гора и Мило Ѓукановиќ пред изборите во 2000 година, затоа што Мило му сврте грб — само за да бидеме три месеци на Свети Стефан“, изјавила Васиљевиќ.

По ова признание, во јавноста се поставува прашањето што сè за изминатите 13 години власт на Српската напредна партија Васиљевиќ, како советничка за медиуми на претседателот, можеби има измислено или пласирано како лажни информации.

Македонски