Познати добитниците на државната награда „23 Октомври“ за 2025 година

5

Државната награда „23 Октомври“ за 2025 година, која се доделува за долгогодишни остварувања во науката, културата, образованието и заштитата на државните интереси, како и за промоција на културно-историското наследство од јавен интерес, годинава ќе им биде врачена на четворица истакнати македонски уметници.

За остварувања во областа на културата и уметноста, добитници на наградата се:

  • Гоце Тодоровски, актер

  • Александар Кујунџиски, писател за деца и возрасни

  • Братислав Ташковски, поет, романсиер, драмски писател и новинар

  • акад. Божин Павловски, писател

Церемонијата на врачување ќе се одржи на 23 октомври 2025 година (четврток), со почеток во 12 часот, во Собранието на Република Северна Македонија.

Наградата „23 Октомври“ се доделува секоја година во чест на Денот на македонската револуционерна борба и претставува едно од највисоките признанија за животно дело во земјата.

Makedonski