СВР Скопје со полни раце работа

9

Во текот на последното деноноќие СВР Скопје реализирала повеќе интервенции и тоа:

На 11/12.10.2025  во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.И.(49), Ѓ.П.(30), Љ.Ш.(40), А.Х.(34), Е.Н.(40), С.Х.(23), М.К.П.(38), Н.М.(32), Г.П.(35), Џ.И.(30), сите од Скопје, П.М.(24) од с.Брњарци, скопско и К.С.(23) од Охрид, со престој во Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, семки од марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 11.10.2025 во 11:32 часот во СВР Скопје, Л.А.(58) од Скопје пријави дека на 04.10.2025 околу 21:30 часот на паркинг просторот на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од три лица, од кои едниот му го оштетил патничкото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.10.2025 во 15:45 часот во Полициската станица Драчево во Скопје извршен е службен разговор со Б.М.(48), постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:50 часот во с.Батинци, кај место викано „Дрешничка река“, физички го нападнал И.Р.(35) од с.Студеничани, вработен во општина Студеничани, кој извршувал работни задачи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Makedonski