(НАЈНОВО) Тетовското централно подрачје блокирано – се слави фудбалска победа на Албанија над Србија

15

Во овие моменти централното градско подрачје на Тетово е потполно блокирано од возила и луѓе кои ја прославуваат победата на албанската фудбалска репрезентација над селекцијата на Србија предмалку со резултат 0:1.

Автомобили со сирени и знамиња „едвај“ циркулираат долж двата правци на главниот булевар, а близу плоштадот насобрана маса на луѓе скандира навивачки но и политички слогани.

Полицијата се обидува да стави ред во сообраќајот иако тешко оди со оглед на тоа дека се работи за огромен број на возила кои во колона свират и поминуваат по централните улици во градот.

Се слушаа и пукотници како и експлозии на огномети.

Makedonski