Илиевска: „Битола е гнасна, партизирана и се дави во ѓубре“

8

Кандидатката за градоначалник на Битола од независната иницијатива „Поинаку“, Габриела Илиевска, во интервју за Тера телевизија остро ја критикуваше состојбата во градот, оценувајќи дека Битола е запуштена, партизирана и со години уназадена.

„Мотивот, повеќе отколку желбата, ми е тоа што во изминатите триесет и кусур години гледаме дека Битола е уназадена. Гледаме дека градот е целосно и максимално партизиран. Да не зборувам дека во последните години Битола е „гнасна“ – со блокиран сообраќај, валкани улици и тони ѓубре,“ изјави Илиевска.

Таа додаде дека најзагрижувачки е губењето на надежта кај граѓаните, кои, според неа, веќе не веруваат дека нешто може да се промени.

„Она што е најстрашно е што граѓаните ја имаат изгубено надежта дека некој навистина сака нешто да направи за Битола,“ рече Илиевска.

Илиевска е кандидат на независната граѓанска иницијатива „Поинаку“, која најавува нов пристап во локалното управување и поголема транспарентност во работењето на општината.

Makedonski