Во Тетово одбележан „11 октомври“ со национални обележја во „5 до 12“, случаен пропуст или порака?
Одбележувањето на денешниот празник 11 октомври – Денот на востанието против фашизмот во Тетово започна со реакции, а заврши со „поправен“ за општинските Власти.

Имено, утринава Тетово осамна празнично без ниту едно национално обележје кое се константен дел од сите државни празници наназад. Дел од јавноста реагираше бурно со нагласување на моментот дека ваквиот чекор претставува „порака до граѓаните Македонци“, а дел се правдаа дека општинските служби „заборавиле“ дека денеска е државен празник.

Редакцијата на Македонски Радио Портал на лице место ја детектираше „заборавеноста“ на градските служби кои пред почетокот на официјалното чествување покрај споменикот на револуцијата, набрзина со приватно возило ги поставуваше знамињата по градските бандери.

На чествувањето цвеќе поставија голем број на општествени организации, политички партии, претставници од општинските власти како иинституции.
Настанот го организираше како и секоја година, Сојузот на борци и граѓани продолжувачи од Тетово.
