(ОБНОВЕНО) Предизборниот асфалт ги стопи македонските знамиња за 11 октомври во Тетово
11:06
По реакциите на Македонски Радио Портал, општинските служби во „5 до 12“ излегоа на терен и набрзина ги поставија знамињата кои требаше веќе да бидат поставени „во очи“ на државниот празник 11 октомври – Денот на Востанието против фашизмот.
Она малку што претставуваше обележје дека во Тетово се слави државен празник, знамињата, оваа година ги нема на ниту една бандера.
Општинските власти молчат или се презафатени со реконструкции на улиците низ градот небаре избори се еднаш во сто години.
Денеска, празничниот ден ќе го отвори Сојузот на борците и граѓани продолжувачи со редовното чествување пред Споменикот на револуцијата во центарот на Тетово, каде што се собираат сите општествени организации од градот на едно место и со положување свежо цвеќе го одбележуваат денот.
Тимот на Македонски Радио Портал Ви го честита празникот!