Ненад Рашиќ избран за потпретседател на косовскиот парламент од редовите на српската заедница
По повеќемесечна политичка блокада, денеска конечно беше конституиран новиот состав на косовскиот парламент — осум месеци по одржувањето на изборите.
За потпретседател на парламентот од редовите на српската заедница е избран Ненад Рашиќ, лидер на партијата За слобода, правда и опстанок. Тој доби поддршка од 71 пратеник, девет гласаа „против“, а 24 беа „воздржани“.
Рашиќ ја доби функцијата откако деветтемина пратеници од Српската листа не успеаја да обезбедат доволно гласови за избор на свој претставник.
По изборот, Рашиќ накратко им се заблагодари на пратениците за укажаната доверба. Поддршка доби од редовите на движењето Самоопределување, дел од пратениците на малцинските несрпски заедници и Демократската лига на Косово.
Спикерот Димал Баша ги отфрли критиките за начинот на кој беше конституирано законодавното тело, нагласувајќи дека изборот на Рашиќ е спроведен целосно во согласност со процедурите и важечките прописи.
 
			