Двајца уапсени по тепачка во ресторан во Капиштец
Вечерва во скопската населба Капиштец се случила тепачка меѓу гости во еден од тамошните ресторани, по што полицијата уапсила две лица.
Инцидентот се случил околу 20 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, каде што, според очевидци, на местото пристигнале неколку полициски возила.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир пред угостителски објект и дека полициските службеници интервенирале веднаш.
„По интервенцијата на полициски службеници од СВР Скопје, лишени од слобода се две лица“, соопштија од МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Во овие моменти долж целиот булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ врие од полициски сили кои вршат засилени контроли на моторни возила.