Во Љубљана пронајден мртов 38-годишен државјанин на Македонија – се сомнева на насилна смрт

8

Полицијата во Љубљана потврди дека безживотното тело пронајдено во петокот е на 38-годишен државјанин на Македонија, соопшти портпаролката на полициската управа, Шпела Шкопорц.

Според неофицијални информации, младиот маж бил претепан до смрт, но официјалната причина за смртта сè уште не е утврдена.

„Полициските службеници извршија увид на местото на настанот, а наредена е и судска обдукција. Интензивната кривична истрага е во тек, а државното обвинителство ќе биде информирано за сите наоди“, изјави Шкопорц.

Случајот предизвикува големо внимание во јавноста, а словенечката полиција засега не открива детали за можните сторители или мотивите зад трагедијата.

Makedonski