Втора недела од предизборната кампањата

8

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе одржат средби со граѓани и митинзи во Долнени, Македонски Брод и во Кичево.

Караванот на СДСМ е во Илинден, Петровец, Карпош и Центар.

Левица ќе одржи средби со граѓани на градски плоштад во Македонска Каменица, во Делчево и на градскиот плоштад во Берово.

Граѓанската платформа „Независни заедно“ најави прес-конференција на која ќе се обратат независните кандидати за градоначалници на општина Центар, Билјана Ивановска и на град Скопје проф. д-р  Горан Марковски.

Во Гостивар прес-конференција ќе одржи и кандидатот за градоначалник Висар Адеми.

На платото пред Млечен ресторан во Карпош изјава за медиумите ќе дадат кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и коалицијата, Каја Шукова и Маја Мојсова, кандидатка за градоначалничка на Карпош.

Во 17 часот пред Цементарница на кружниот тек во Кисела Вода средба со жителите ќе има независниот кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од ТМРО професорот Александар Рашковиќ кој бара дислокација на цементарницата.

 

Makedonski