Голем дел од Скопје без вода поради дефект на главна водоводна цевка во Влае
Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ информира дека поради сериозен дефект на водоводна цевка со дијаметар од 600 милиметри на улицата Франце Прешерн 100Д во населбата Влае, голем дел од градот остана без вода, а во останатите делови е забележан намален притисок.
Од претпријатието соопштуваат дека екипите се на терен и работат на санирање на дефектот, а водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршување на активностите.
Граѓаните се замолуваат за трпение и разбирање додека траат интервенциите.
 
			