ЈП „Национални шуми“ ја укина забраната за движење во шумите

6

Јавното претпријатие „Национални шуми“ ги известува граѓаните дека од 1 октомври 2025 година се укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште, која беше воведена поради зголемениот ризик од пожари во летниот период.

Од претпријатието упатуваат апел до сите граѓани да се однесуваат одговорно при движењето низ шумите — со цел сопствена безбедност, заштита на шумските подрачја и зачувување на животната средина.

„Иако забраната се укинува, секој граѓанин има обврска да придонесе кон спречување на пожари и уништување на шумскиот екосистем“, порачуваат од ЈП „Национални шуми“.

Makedonski