Администрацијата на Трамп ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече номинацијата на Марко Брновиќ за амбасадор на САД во Србија. Одлуката е објавена на веб-страницата на Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД, без наведени причини за повлекувањето.
Брновиќ, член на Републиканската партија и поранешен државен обвинител на Аризона, беше номиниран на крајот на март годинава. Неговата номинација беше проследена до Комитетот за надворешни работи на Сенатот, но тој не се појави на сослушување пред тоа тело кое ги потврдува дипломатските назначувања.
Со ова, САД и натаму остануваат без амбасадор во Белград, откако Кристофер Хил ја напушти позицијата во јануари годинава, по враќањето на Трамп во Белата куќа.
 
			