Османи: Родовата еднаквост ќе биде темел на секоја општинска политика во Чаир

7

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денеска на прес-конференција изјави дека родовата еднаквост ќе биде основен принцип во неговото идно управување со општината. Тој нагласи дека жените не смеат да бидат само дел од изборните кампањи, туку рамноправни учеснички во процесите на одлучување и креирање на општинските политики.

„Родовата еднаквост ќе биде темелот на секоја иднина општинска политика. Жените мора да бидат вклучени во секое ниво на одлучување“, рече Османи.

Тој го претстави својот стратешки принцип за еднакво вклучување на жените во политичките процеси, истакнувајќи дека ќе обезбеди минимум 50 проценти застапеност на жени во раководните тела, комисиите и сите институционални процеси во Општина Чаир.

„50% застапеност на жените е минимумот што го гарантирам. Тој процент ќе биде застапен во секоја пора на политичкиот и институционалниот живот на Чаир. Само така можеме да се движиме напред – со еднаквост, заемно почитување и искористување на потенцијалот на секоја жена“, изјави Османи.

Тој додаде дека родовата еднаквост не е само вредност, туку предуслов за развој и демократија, нагласувајќи дека резултатите од таквиот пристап ќе бидат видливи многу брзо.

„Нема напредок ако половина од општеството е оставено на маргините. Во мојот Чаир, жените ќе бидат дел од одлуките, дел од решенијата и дел од секоја промена“, порача Османи.

Makedonski