Денеска партиски митинзи и средби со граѓаните во Теарце, Куманово, Велес, Кичево…

14

Партиите денес продолжуваат со теренски активности во рамки на локалната изборна кампања.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи на кои ќе ги претстави поддржаните кандидати за градоначалници и советници во општините Теарце, Брвеница, Јегуновце, Ѓорче Петров и Куманово.

СДСМ, пак, попладнево и вечер ќе одржи собири во Градско, Чашка, Велес и Свети Николе.

Кандидатите на Левица ќе се сретнат со граѓани во Кичево и Охрид, а во Струга ќе се одржи промоција на кандидатката за градоначалник Јована Мојсоска. Средби со граѓаните денес ќе имаат и кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, и кандидатот за Аеродром, Марјан Димитрив.

Граѓанската платформа „Независни заедно“ ќе одржи прес-конференција за претставување на новиот зелен појас кај базенот во спортско-рекреативниот центар Сарај.

Пред Зеленото пазарче во Општина Центар, во 11 часот, независниот кандидат за градоначалник на Скопје, професорот Александар Рашковиќ, ќе се сретне со граѓаните заедно со својата советничка листа.

Работничката партија денес ќе ги промовира своите кандидати за градоначалник и советници во Општина Гази Баба, додека политичката партија МААК ќе одржи низа средби со граѓани.

Кампањата за локалните избори завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува 24-часовен изборен молк пред гласањето на 19 октомври.

Makedonski