Биткоинот на чекор до рекорден максимум поради кризата во САД

6

Цената на биткоинот денес забележа силен раст, приближувајќи се до историскиот рекорд, откако американската влада влезе во трет ден од своето затворање. Според „CNBC“, инвеститорите се свртуваат кон криптовалутата како кон безбедно засолниште во услови на политичка несигурност.

Биткоинот се тргуваше за 123.874 долари, што е околу 2% повисоко од вчера и само 1% под рекордот поставен во август. Само оваа недела криптовалутата доби 12%.

Затворањето на американската влада ја зголеми побарувачката за децентрализирани средства, оценуваат аналитичарите. Џеф Кендрик од Standard Chartered Bank нагласува дека, за разлика од затворањето во 2018 година, сега биткоинот се движи во тесна врска со приносите на американските обврзници. Банката предвидува дека наскоро ќе биде надминат рекордот и цената ќе достигне 135.000 долари.

Покрај биткоинот, инвеститорите вложуваат и во други средства. Златото порасна за 0,5% на 3.876,55 долари за унца, а индексите S&P 500 и Nasdaq Composite се зголемија за 0,5% и 0,27%.

Makedonski