Хамас делумно го прифаќа планот на Трамп за Газа, бара нови преговори

8

Хамас соопшти доцна во неделата дека се согласил со одредени делови од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на конфликтот во Газа, но истакна дека ќе бара преговори за голем дел од условите, јави „Ројтерс“.

Во реакцијата на 20-точковниот предлог, Хамас потврди дека е подготвен за ослободување на заложниците и за предавање на контролата врз енклавата, како и за воспоставување администрација од независни технократи, поддржана од арапски и исламски партнери.

Белата куќа засега не даде коментар на ставот на групата. Планот на Трамп, кој има поддршка од Израел, како и од арапските и европските држави, предвидува итен прекин на огнот, размена на заробеници, постепено повлекување на израелските сили, разоружување на Хамас и формирање привремена влада под меѓународен надзор.

Makedonski