„Рајанер“ преминува целосно на дигитални билети од 12 ноември

5

Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ објави дека од 12 ноември ќе прифаќа исклучиво дигитални авионски билети. Патниците ќе мора да се пријават онлајн и да го генерираат својот билет преку апликацијата myRyanair.

Одлуката е донесена поради тоа што речиси 80% од патниците веќе користат дигитални влезници, а авиокомпанијата наведува дека преминот ќе обезбеди „побрзо, попаметно и поеколошко искуство при патувањето“.

Сепак, предвидени се исклучоци. Патниците кои немаат паметен телефон или останале без батерија ќе можат да добијат хартиена карта за влез на шалтерот за пријавување, бесплатно, доколку докажат дека се пријавиле онлајн. Исто така, за летовите од Мароко – каде што прописите бараат хартиени билети – картите ќе се издаваат на шалтер, исто така без дополнителен трошок.

Makedonski