Во Мала Речица повреден полицаец при обезбедување на сообраќајна незгода

6

Вчера околу 20 часот на регионалниот пат Пирок–Тетово, во село Мала Речица, патничко возило „БМВ“ со косовски регистарски ознаки удрило во полициски службеник кој обезбедувал место на претходна сообраќајна незгода.

Возилото го управувал 22-годишниот А.С. од Косово, а повредениот полициски службеник е 26-годишниот С.А. од село Шипковица. Тој е пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде му биле констатирани повреди.

По наредба на јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Тетово.

Makedonski